Дома Фудбал Во Манчестер јунајтед го исмејуваа, а Антони веќе ова лето може да направи голем трансфер

Во Манчестер јунајтед го исмејуваа, а Антони веќе ова лето може да направи голем трансфер

Крилниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Антони, речиси сигурно ќе го напушти тимот од Олд Трафорд наредното лето, а чини се дека неговиот трансфер ќе биде шокантен.

Откако замина од Ајакс во Манчестер Јунајтед за 95 милиони евра во 2022 година, не му беше лесно бидејќи не играше ниту близу до она што се очекуваше.


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Во јануарскиот преоден рок Антони замина на позајмица во Реал Бетис, каде што ќе остане до крајот на сезоната.

Веднаш во Шпанија ја пронајде формата, постигнувајќи два гола во три одиграни натпревари за тимот што го води Мануел Пелегрини.

Сепак, неговата иднина по истекот на позајмицата во Реал Бетис е и повеќе од неизвесна, но го посакува клуб што е европска големина тврди шпански Фичајес.

Според тврдењата на овој медиум од Шпанија, гигант од Германија сака да го потпише Антони наредното лето. Станува збор, се разбира, за Бајерн Минхен.

Иако го платија 95 милиони евра, на Олд Трафорд наводно се подготвени да го пуштат за многу помалку пари и ја поставија цената на 50 милиони евра за Бразилецот.

“Преговорите започнаа и во Минхен се надеваат дека ќе го доведат овој Бразилец следното лето.

Посебно ако продолжи да блеска во Бетис, неговиот трансфер би можел да биде договорен и пред да дојде следниот преоден рок”, тврдат од Фичајес.

Агентот на Антони одамна зборуваше за неговото доаѓање во Реал Бетис.

“Тој е многу среќен. Среќен е поради ова и тоа веднаш се чувствува на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судијата казнет за тоа што му го направи на Лионел Меси на крајот од мечот

Неодамнешниот натпревар меѓу Интер Мајами и Спортинг Канзас Сити, во осминафиналето на Лиг…