
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се договори со Светската антидопинг агенција (ВАДА) поради два позитивни теста минатата година и ќе биде суспендиран во следните три месеци!
Синер требаше да игра во Доха од понеделник, но покрај овој турнир во Катар ќе пропушти уште четири: Индијан Велс, Мајами, Монте Карло и Мадрид. Меѓутоа, ќе се врати на теренот на 4 мај и ќе игра на Мастерсот во Рим, како и на Ролан Гарос што следува потоа.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Со пропуштање на споменатите турнири, Синер ќе загуби доста поени на АТП листата, иако е факт дека во Рим не играше 2024 година и секој чекор ќе му биде корисен за да се подобри на истата.
Синер ќе загуби вкупно 2.260 поени поради пропуштање на турнирите за време на неговата суспензија. Во Индијан Велс играше полуфинале и ќе остане без 720 поени, додека Мајами го освои и ќе изгуби 1.000 поени.