Дома Фудбал Останато Поранешен олимписки вицешампион суспендиран поради допинг

Поранешен олимписки вицешампион суспендиран поради допинг

Јапонскиот атлетичар Коки Икеда, поранешен олимписки вицешампион во брзо одење, суспендиран е на четири години поради допинг, објави Единицата за атлетска интегритет (AIU).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


AIU открила аномалии во неговите примероци на крв, земени во јуни, август и септември 2023 година, што укажувало на одредени манипулации.

Овој 26-годишен атлетичар е привремено суспендиран од ноември 2024 година, а сите негови резултати од јуни 2023 година се поништени.

Икеда освоил сребро на Олимписките игри во Токио 2021 година во брзо одење на 20 километри, додека на истата дистанца, во 2022 година освоил сребро на Светското првенство во Јуџин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Meкрегор во враќањето во УФЦ загуби по само 69 секунди (Видео)

Најзначајната борба на настанот УФЦ 329 во Лас Вегас на 11 јули меѓу Конор Мекгрегор и Мак…