Дома Фудбал Фудбалските надежи до 18 години закажаа два натпревари против Босна и Херцеговина

Фудбалските надежи до 18 години закажаа два натпревари против Босна и Херцеговина

Младата репрезентација на Македонија до 18 година во периодот од 18. до 20. февруари ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.

Контролните дуели ќе бидат одиграни на стадионот во Ѓорче Петров во Скопје.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Првиот контролен дуел ќе биде одигран на 18. февруари со почеток во 13.00 часот. Втората контролна средба е закажана на 20. февруари на истиот стадион со почеток во 11.00 часот.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 18 години, Димитар Капинковски ги повика следните фудбалери за двата контролни дуели против БиХ:

Голмани: 
Антониј Трајковски (ФК Работнички)
Александар Трајков (ФК Брера)
Дарко Јовчев (ФК Македонија ЃП)

Одбрана:
Албан Рочи (ФК Брера)
Андреј Димовски (ФК Брера)
Стефан Стамотовски (ФК Вардар)
Христијан Јевтовски (ФК Вардар)
Мартин Џангаровски (ФК Македонија ЃП)
Назиф Цека (ФК Шкендија)
Стефан Секирски (ФК Беласица)
Мухамед Мустафи (ФК Сент Гален, Швајцарија)
Матео Кесиќ (ФК Бродарац, Србија)

Среден ред: 
Иван Танчев (ФК Брера)
Давид Ангелевски (ФК Пелистер)
Лорент Жаку (ФК Воска)
Александар Грашевски (ФК Њу Старс)
Ненад Дамјановски (ФК Домжале, Словенија)Напад:
Марковски Иво (ФК Вардар)
Дитмир Хоџа (ФК Воска)
Флорент Османи (ФК Шкендија)
Бленди Ганиу (ФК Шкупи)
Стефан Бранковски ( ФК Марибор, Словенија)
Малик Дурак (ФК Венеција, Италија)
Дамјан Буцевски (ФК ИМТ, Србија)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик пронајде уште едно засилување: Барселона бесплатно се засилува од Лондон?

Според последните информации од медиумите екипата на Барселона би можела да се засили со Т…