Дома Фудбал Италијански медиуми: Рома го сака Гатузо. Веќе го контактирала

Италијански медиуми: Рома го сака Гатузо. Веќе го контактирала

ЏЕНАРО ГАТУЗО, под чие водство Хајдук по 21 коло е на чело од Хрватската лига, е желба на Рома.

“Клубот веќе го контактирал неговиот агент Мендес и покажал интерес Гатузо да ја преземе екипата од следната сезона.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Клаудио Раниери (73) е уморен, а и онака се врати да го води саканиот клуб привремено. Името на тренерот од Калабрија и легендата на Милан се врти во неколку добри информирани извори и сигурно е дека веќе е контактиран дали е подготвен од лето да ја води Рома,” пишува италијанскиот Persemprecalcio.

Истиот извор продолжува: “Изборот на Рома да се фокусира на Гатузо може да биде воден од желбата на управата на Рома да се потпре на италијански тренер кој има искуство на домашно и меѓународно ниво.

Гатузо докажа дека знае како да води екипа во сложени ситуации и дека може да постигне значителни резултати и во тешки околности.

Неговата способност да ги мотивира играчите и од нив да создаде сплотен тим може да биде клучен составен елемент за амбициите на Рома следната сезона.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед ја донесе одлуката за Зиркзе!

Играчите на Манчестер Јунајтед се соочуваат со голем притисок, а еден од тие играчи кои се…