Дома Моторспорт Тригoдишна казна затвор за уценување на Шумахер

Тригoдишна казна затвор за уценување на Шумахер

Судот во германскиот Вупертал одреди затворски казни за тројца мажи поради обид за уценување на семејството на легендарниот Михаел Шумахер, седумкратен светски шампион во Формула 1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Дојче веле“ известува дека 53-годишниот Јилмаз Т. доби затворска казна од три години поради закани дека ќе објави приватни податоци за познатиот Германец и неговото семејство на „дарк веб“ доколку не им платат на уценувачите 15 милиони евра, додека неговиот 30-годишен син Даниел Л. ќе помине половина година зад решетки поради соучество.

Ова вклучува 900 фотографии, 583 видео снимки и сите податоци за здравствената состојба на Шумахер.

Познато е дека 56-годишниот Шумахер претрпе сериозна повреда на главата по падот додека скијал на француските Алпи во 2013.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Падна од моторот, па го турна и му удри шлаканица на редарот (Видео)

Неверојатно е тоа што го направи Марко Безеки, кој нема да настапи на Големата Награда на …