Дома Фудбал Тренерот на Милан ја напушти прес конференцијата по едно прашање: Доста е, заминувам!

Тренерот на Милан ја напушти прес конференцијата по едно прашање: Доста е, заминувам!

Милан синоќа загуби на гостување кај Феенорд (0-1) во првиот меч од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.

По натпреварот пред новинарите излезе тренерот на Милан Серхио Консеисао, кого го налути тоа што мораше да чека 15 минути за прес-конференцијата, па излезе по само едно прашање:

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Знаевме каква атмосфера не очекува, знаевме колку се агресивни. Натпреварите дефинитивно стануваат полесни ако ги добивате дуелите. Влеговме во натпреварот со шанса на Рејндерс, а потоа примивме гол. Такви работи се случуваат. Ова не беше среќен натпревар за нас, требаше да направиме повеќе. Имавме шанси барем да изедначиме, но сега е доста. Чекав 15 минути за да проговорам, а сега заминувам“, рече лутиот тренер на Милан.

Консеисао е поранешен тренер на Порто, а во Милан е неодамна пристигнат и барем засега не му оди најдобро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерот на Раднички Крагуевац почина за време на натпреварот(видео)

Тренерот на српскиот фудбалски прволигаш Раднички Крагуевац, Младен Жижовиќ, почина за вре…