Навлегувањето на пари од Блискиот Исток во англискиот фудбал стана секојдневие, а сега и еден од најпопуларните клубови во лигата, Тотенхем, би можел да премине во рацете на инвеститори од Катар.
Група катарски инвеститори планираат преземање на Тотенхем, што би можело да им се допадне на сите во клубот, како на незадоволните навивачи, така и на актуелниот прв човек на клубот, Даниел Леви.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Причината е тоа што Леви, покрај добивањето на пари, би останал на раководните функции во клубот. Угледниот Гардијан најави дека групата е повеќе од сериозна и одлучна во своите намери да преземе еден од големите клубови од северен Лондон.
Сепак, планот на групата инвеститори од Катар е постепено преземање контрола над клубот, односно купување мал удел во сопственоста, додека не станат мнозински, слично на тоа што Џим Ратклиф веќе го спроведе во Манчестер Јунајтед.
Идентитетот на катарските понудувачи не е откриен, но е познато дека се приватни бизнисмени, а не е група предводена од „Qatar Sports Investment“, која ја води Шеик Јассин бин Хамад ал-Тани.
🚨🇶🇦| EXCL: Qatari investors are interested in buying #Tottenham Hotspur.
— Allthings_THFC (@Allthings__THFC) February 12, 2025
They want control of Spurs but the proposed takeover could take the form of a phased buyout.
Tottenham have been the subject of longstanding interest from potential investors in America and the Middle… pic.twitter.com/5kk1SJrQO7
“Според еден модел кој го разгледуваат инвеститорите, на Леви би му бил понуден договор за управување со клубот кој би останал на сила дури и ако ENIC, кои поседуваат 86,91 проценти од Тотенхем, стане миноритарен акционер,” се наведува во текстот на Гардијан.
Леви е прв човек на Тотенхем уште од 2001 година, кога ENIC купи 30 проценти од акциите во клубот. Подоцна целосното преземање беше завршено во 2007 година.
Иако навивачите се незадоволни затоа што нема трофеи, она со кое може да се гордее управувањето на Леви е изградбата на тогаш најмодерниот стадион во светот, кој прв проби границата од милијарда евра вложени во изградбата.