Дома Топ вести Ла Масија конечно произведе играч: Кое е момчето кое дебитираше за Барса

Ла Масија конечно произведе играч: Кое е момчето кое дебитираше за Барса

Марк Кукурела, млад шпански репрезентативец кој со 19 години дебитираше во првиот тим на Барселона во куп натпреварот против Мурсија.

Кукурела е нов продукт на школата на Барселона, „Ла Масија“. Со 13 години пристигнал од Еспањол и веднаш бил етикетиран како идна ѕвезда. Роден е во малиот град Атела во Каталонија и игра на позицијата лев бек, па во Барса во него гледаат како можна замена за Жорди Алба.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Договорот кој Кукурела го потпиша ова лето е само доказ дека во Барселона сериозно сметаат на него. Откупната клаузула изнесува 12 милиони евра, а доколку го продолжи договорот кој трае до 2021 година, отштетата ќе порасне на 30 милиони евра.

Интерес за младиот Шпанец веќе покажаа неколку звучни европски клубови, како Манчестер Јунајтед и Дортмунд, но Барса не сака ни да слушне да се откаже од него.

„Ова се посебни моменти за мене и моето семејство, дебитирав за најдобриот клуб на светот. Тоа е причина да продолжам напорно да тренирам“, изјави Марк после дебито.

Повеќе од 20 млади фудбалери дебитираа за Барса во изминатите пет години, меѓу кои Мунир, Сандро Рамирез и Масип. Бројките велат дека Барселона верува во младите фудбалери, но последните години производството во „Ла Масија“ застана. Клубот веќе долго ги чека новите Иниеста и Меси од својата лабараторија, а медиумите тврдат дека Кукурела е на добар пат.

Барселона во последно време се сврти кон други начини на снабдување со фудбалери. Примерите на Мунир и Сампер тоа го потврдуваат. Двајцата започнаа од фудбалската школа, но Сампер беше испратен на позајмица, а на негово место пристигна Андре Гомеш. Мунир замина во одбратен правец, а за 30 милиони евра во Барса пристигна Пако Алкасер, кој се покажа како големо промашување.

„Идеологијата на клубот не е каква што беше некогаш“, изјави еден поранешен тренер на Барселона.

Gran victoria contra el Nastic de Tarragona!!! Martes cuartos de #uefayouthleague !!! Seguimos!! ??

A post shared by Marc Cucu (@cucurella3) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шишковски останува во Борац, наскоро ќе го продолжи договорот

Искусниот македонски голман Дамјан Шишковски минатото лето пристигна во Борац од Бања Лука…