Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал ја отвори душата за животот по пензионирањето, откако ја заврши својата кариера во ноември минатата година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Надал се повлече од активното играње тенис по завршниот турнир на Дејвис купот и истакна дека од тогаш не ја зел рекет во раце. Од друга страна, почна да ужива во нов спорт, барајќи начини да ја избегне досадата.
Често се гледа на голф теренот, а дури учествуваше и на некои аматерски турнири. Сега ја откри својата страст за друг спорт, говорејќи за своите планови по тенисот.
– Моментално секогаш нешто правам, мислам дека така треба да биде – изјави Надал за Мовистар, откако се сретна со шпанскиот олимписки комитет.
.