![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/haland-2-819x491.jpg)
Фудбалерите на Реал Мадрид во фантастичен натпревар од плејофот на Лигата на шампионите го совладаа Манчестер Сити на „Итихад“ со резултат 3:2 и така стекнаа голема предност пред реваншот во „Сантјаго Бернабеу“ следната недела.
И покрај двата гола, Хааланд беше очигледно тажен поради конечниот резултат. Сепак, тоа не го спречи да побара дрес од една ѕвезда на Реал.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Норвежанецот му пристапи на Килијан Мбапе, но Французинот му рече дека ќе му го даде дресот во соблекувалната, што подоцна и го направи.
Инаку, шпанските портали известуваат дека, покрај со Мбапе, Халанд разговараше по мечот и со Џуд Белингам, уште една млада и голема ѕвезда.
Тој му рече на Белингам дека сè ќе биде различно во реваншот во Мадрид.
„Само да знаеш, овој тим ќе направи сè за да ве исфрли и сè уште не е готово. Вистинската борба допрва следи“, му кажал Халанд на Белингам.