Претседателот на Судиската комисија на УЕФА и поранешен легендарен арбитер, Италијанецот Пјерлуиџи Колина, предложи промена на правилото при изведба на пенали.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Колина сака да го укине правилото дека играч може да постигне гол од пенал откако голманот ќе го одбрани ударот.
“Едно решение е правилото за ‘еден удар’. Баш како во пеналите по продолженијата. Нема одбиени топки. Или давате гол или се изведува гол-аут,” изјави Италијанецот.
“Тоа би ги елиминирало и драмите кои ги гледаме пред изведбата на пеналите, кога играчите рано влетуваат во шеснаесетникот,” додаде Колина.
Италијанецот наведува дека просечно се реализираат 75% од пеналите, а често пеналот е поголема шанса од онаа пред фаулот.
Колина е еден од најлегендарните фудбалски судии. Судел од 1988 до 2005 година, а за време на кариерата судил финале на Светското првенство (2002), финале од Лигата на шампиони (1999), финале на Купот на УЕФА (2004), и финале на турнирот на Олимписките игри (1996).