Дома Фудбал Скандал во Шпанија: Фудбалерка на Барселона ја фати противничка за меѓуножјето и ја праша дали има пенис (Видео)

Скандал во Шпанија: Фудбалерка на Барселона ја фати противничка за меѓуножјето и ја праша дали има пенис (Видео)

За време на дерби мечот меѓу женските тимови на Еспањол и Барселона, се случи сцена што предизвика голем скандал во Шпанија.

Фудбалерката на Барса, Мапи Леон, ја фати противничката Даниела Каракас за меѓуножјето, што беше снимено од камерите.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Пред корнерот, двете фудбалерки имаа дуел, а Каракас лесно ја поткачи својата противничка.

Леон на почетокот беше изненадена, а потоа ја фати својата противничка за меѓуножјето и, според извештаите, прашала: „Дали имаш пенис?“.

После сѐ, Еспањол издаде соопштение до јавноста и остро го осуди инцидентот.

„Ние од РЦД Еспањол де Барселона сакаме да го изразиме нашето целосно незадоволство и осуда на некои настани кои се случија минатата недела за време на дерби натпреварот меѓу РЦД Еспањол и ФК Барселона на стадионот ‘Дани Харке’. Ова е чин што го сметаме за неприфатлив и не смее да помине незабележано“, ги пренесоа од Еспањол.

Додадоа дека играчката на Барселона направила гест со кој ја нарушила приватноста на нивната фудбалерка. Објаснија дека Каракас веднаш не реагирала, но подоцна, кога го процесирала она што се случило, ја сфатила сериозноста на тој гест.

Од Еспањол во заклучок упатија апел овој гест да биде санкциониран и понудија правни услуги на својата фудбалерка во случај да сака да отвори законски постапки.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mилан донел одлука: Сака да го задржи Феликс, познато и на кој начин

Португалскиот фудбалер Жоао Феликс (25) одигра само два натпревари за Милан, а тоа беше до…