Дома Фудбал Гвардиола: Не заслуживме да бидеме помеѓу најдобрите шест екипи во Лигата на шампионите

Гвардиола: Не заслуживме да бидеме помеѓу најдобрите шест екипи во Лигата на шампионите

Манчестер Сити и Реал Мадрид во вторник во 21 часот на стадионот Етихад го играат прв натпревар од плејофот за влез во осминафиналето на Лигата на шампионите. Сити ја заврши групната фаза на 22. место, a Реал беше на 11. Продолжување во натпреварувањето изборија 24 од 36 клубови, при тоа што Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер, Лил и Астон Вила директно изборија осминафинале.

Реал минатата сезона по пенали го елиминираше Сити во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го најави новиот дуел на прес-конференција. Со оглед на лошите резултати оваа сезона, новинарите го прашаа дали се плаши дека ќе добие отказ.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


“Не се плашам. Не знам дали прашуваат доктор, архитект или професор такво прашање. Знам дека на некои места велат ‘утре ќе добиеш отказ’, ама јас немам такво чувство. Тука сум уште поради резултатите што ги постигнавме претходните сезони. Да не бевме, веројатно немаше да бидам тука. Ако не функционира, ќе се ракуваме и ќе продолжиме понатаму. Но мислам дека нема да ме фрлат на улица,” одговори Гвардиола.

Реал е актуелен шампион по победата во финалето против Борусија Дортмунд минатата сезона. “Дали Реал е фаворит? Направете што сакате. Знаеме дека ќе биде тешко, нема многу врска дали некој е фаворит или не,” рече Гвардиола.

Го коментираше нападот на Реал, кој од оваа сезона покрај Винициус Жуниор, Родриго, Џуд Белингам и другите го има и Килијан Мбапе. “Невозможно е да ги контролирате цело време, сите го знаат тоа. Неверојатно е како се движат и комбинираат. Сите се исклучителни играчи.

Колку што е можно повеќе, треба да ја спречиме нивната соработка. Истовремено, ќе се обидеме да ја наметнеме нашата игра и да бидеме паметни, особено во првиот натпревар,” најави Гвардиола.

Реал ќе го игра возвратниот дуел на свој терен. “Вториот натпревар го играме на гости затоа што не бевме добри во групната фаза. Завршивме 22. од 24, не може вака да бараш услуги. Не заслуживме, не освоивме доволно бодови за да бидеме меѓу првите осум, не бевме ни блиску до тие позиции. Да бевме подобри, можеби ќе имавме подобра ждрепка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Јован Манев се врати во Хрватска

Репрезентативецот на Македонија, Јован Манев кариерата ќе ја продолжи во Хрватска каде што…