Англискиот фудбалер Џејдон Санчо очигледно нема многу такт за реалноста околу себе, бидејќи со неприкладен коментар на социјалните мрежи по повод дебиот на Маркус Рашфорд за Астон Вила предизвика лавина негативни реакции од навивачите на Манчестер Јунајтед.
Рашфорд викендов сподели фотографија од дебиот во дресот на Вила, што му беше прв официјален натпревар по скоро два месеци бидејќи со одлука на Рубен Аморим беше надвор од протоколите во Јунајтед.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Санчо, инаку и самиот фудбалер на Јунајтед на позајмица во Челси, му одговори на Instagram со натписот „слобода“, што многумина го протолкуваа како негативен коментар од аспект на англичанецот како потсмевање на клубот со кој има важечки договор до летото 2026 година.
Да потсетиме, Санчо кон крајот на август пристигна во Челси на едногодишна позајмица од Јунајтед со обврска за откуп на договорот наредното лето под одредени услови.
.🚨 – Sancho до Rashford:
— UF (@UtdFaithfuls) February 10, 2025
„Слобода 🙏🏼🙌🏼“
Ова е навистина НЕПРИЈАТНО и НЕПРОФЕСИОНАЛНО од страна на Sancho.
Навистина е еден од НАЈЛОШИТЕ фудбалери кои некогаш играле за нас. Има најлош менталитет и став што сум го видел. 🤡 pic.twitter.com/Sj0j1HbD70