Дома Фудбал Претседателот на Адaна поднесе оставка еден ден по грдите сцени на мечот со Галатасарај

Претседателот на Адaна поднесе оставка еден ден по грдите сцени на мечот со Галатасарај

Вчера видовме грди сцени и во турската Супер Лига. Судии му „помогнаа“ на Галатасарај и тоа не е ништо ново, но некои не сакаат да се помират. Денеска претседателот на Адaна Демирспор си поднесе оставка.

Вчера, во рамките на 23. коло на турската Супер Лига, во Истанбул се соочија Галатасарај и Адaна Демирспор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Натпреварот започна во 18 часот и траеше само до 18:30, бидејќи гостите не можеа да ја издржат неправдата и решија да го напуштат теренот.

Мертенс падна во казнениот простор на гостите, а голот од белата точка за 1:0 во 12. минута го постигна Алваро Мората.

На повторената снимка јасно се виде дека немаше контакт кога пеналот беше досуден, па гостите со право беа револтирани.

Во знак на протест против судењето, фудбалерите на Адaна Демирспор одлучија во 30. минута да го напуштат теренот и натпреварот беше прекинат.

Еден ден по грдите сцени, пристигна веста дека претседателот на Адaна Демирспор, Бедирхан Дурак, си поднесе оставка од функцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез не може да се помири – подготви нов удар за „Златната топка“

Реал Мадрид и оваа година нема да биде дел од свеченоста на доделувањето на „Златната топк…