Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг, е во напредни преговори со Ливерпул, пишуваат шпанските и англиските медиуми.
Веста за преговорите ја потврди и спортскиот директор на Барселона, Деко. Иако со месеци имаше шпекулации за иднината на Де Јонг, дури сега каталонскиот клуб е подготвен да го продаде Холанѓанецот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На Де Јонг актуелниот договор со Барселона му истекува во јуни 2026 година, па раководството на клубот смета дека сега е вистинскиот момент да го продадат, за да остварат приход од неговиот трансфер.
Каталонците ќе бараат 40 милиони евра како отштета, додека Ливерпул се подготвени да платат 35 милиони, но се очекува брзо да постигнат договор.