Дома Тенис Ѓоковиќ и Мареј донесоа конечна одлука: Познато до кога Британецот ќе биде тренер на Новак

Ѓоковиќ и Мареј донесоа конечна одлука: Познато до кога Британецот ќе биде тренер на Новак

Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј решија да ја продолжат соработката и покрај неуспехот на Австралија Опен.

Некогаш големите ривали, а сега соработници, ќе работат заедно и за време на Ролан Гарос и Вимблдон, пишува британскиот Тајмс.

Најдобриот тенисер во историјата и Мареј ја започнаа соработката во ноември, а откако Ѓоковиќ загуби во полуфиналето на Австралија Опен, објави дека ќе разговараат за тоа дали ќе ја продолжат соработката.

Сега е јасно дека договорот е постигнат и дека Мареј ќе ја продолжи својата тренерска кариера работејќи со српската ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Коболи обезбеди билет за Торино, но повредата му ја расипува радоста

Поразот на Рафаел Ходар во Париз му го отвори патот на Флавио Коболи кон завршниот Мастерс…