![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/ta-850x491.jpg)
Напнатостите беа на врвот на неделниот дуел од турската Суперлига каде Фенербахче гостуваше во Аланија.
Во 42. минута Андерсон Талиска постигна убав гол со глава по кој гостите поведоа со 2:0. Центрираше Филип Костиќ.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Одлучи да го прослави така што ќе гестикулира пред делот од трибините каде што беа навивачите токму на Аланија.
Меѓутоа, додека одеше од аголното знаменце, беше погоден во врат. На почетокот не беше јасно со што бразилскиот напаѓач беше погоден, но потоа стана јасно дека се работи за шишенце вода.
Добрата вест е дека Талиска можеше да го продолжи натпреварот бидејќи не беше повреден.