Дома Фудбал Реал Мадрид ТВ: Овај пенал за Атлетико е шега, треба да престанеме со оваа валкана лига

Реал Мадрид ТВ: Овај пенал за Атлетико е шега, треба да престанеме со оваа валкана лига

Од клупската телевизија на Реал Мадрид не губеа многу време и ги нападнаа судиите на градското дерби со Атлетико синоќа, кое заврши 1:1. Повод за новото незадоволство на клупскиот канал беше спорниот пенал, даден за „душекчиите“ од судијата Сесар Сото Градо после интервенција на ВАР за прекршок на Орелјан Чумени врз Самуел Лино. Од телевизијата го критикуваа судијата и надзорот на ВАР Рикардо де Бургос Бенгоечеја уште пред натпреварот, а по него продолжија со нападите.

„Пеналот е некоја шега. Треба да играме против судиите, а не против играчите. Ако зависи од нас, ќе го напуштиме теренот и ќе престанеме да играме во валканата лига на Негрејра – тоа е одвратно. Во Шпанија има огромна судиска криза. Стадионот скандираше „корупција и мафија во федерацијата“, изјавија од Реал Мадрид ТВ.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


„Ова е доказ дека ако Реал Мадрид ја освои оваа лига, тоа ќе биде поголем подвиг од освојувањето на 5 Лиги на шампионите“, додадоа уште од клупскиот канал.

Играчи и стручниот штаб на Реал Мадрид исто така беа многу незадоволни од судењето. Тренерот Карло Анчелоти беше видно лут и одби да го коментира, а бекот Лукас Васкес на сличен начин изјави: „Немам што да кажам. Ако кажам нешто, може да ме казнат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почнува нокаут-фазата на Лигата на шампионите, Сити и Реал го играат дербито

Денес почнува нокаут-фазата на Лигата на шампионите. Според новиот систем на натпреварувањ…