Дома Фудбал Симеоне: Можевме да победиме; Анчелоти: Судиите не го разбираат фудбалот

Симеоне: Можевме да победиме; Анчелоти: Судиите не го разбираат фудбалот

Тренерите на ривалите од Мадрид не беа презадоволни од нерешениот резултат (1:1) на стадионот Сантијаго Бернабеу.

Шефот на стручниот штаб на Атлетико Мадрид Дијего Симеоне смета дека и двата клуба имаат право да жалат за “испуштените” бодови.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Мислам дека игравме одлично во првото полувреме, но не бевме доволно концентрирани во завршницата за да ги искористиме шансите за гол што ги создадовме. Дефинитивно можевме подобро. Тие брзо дадоа гол во продолжението, ја погодија пречката, играа многу интензивно. И ние имавме шанси преку Симеоне и Маркос Љоренте, кој имаше две шанси. Натпреварот заврши нерешено, иако и ние и тие веруваме дека можевме да победиме.”

Карло Анчелоти беше видливо револтиран поради пеналот досуден за „јорганџиите“.

„ВАР досуди пенал. Судијата беше блиску и добро виде што се случи. ВАР досуди сличен пенал и за време на натпреварот меѓу Атлетик Билбао и Џирона. Сметам дека луѓето кои се во фудбалот не го разбираат овој спорт.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал откри кој за него е најдобриот фудбалер во историјата

Ламине Јамал без дилема е за многумина моментално еден од најдобрите играчи во светот, а м…