Дома Фудбал Нова промена на повидок во Лигата на шампиони

Нова промена на повидок во Лигата на шампиони

Лигата на шампионите наскоро би можела да се соочи со уште една измена. Иако сезоната започна со нов формат, можни се нови промени.

Претходно, правилото за голови на гости беше отстрането, а сега се разгледува опцијата за укинување на продолженијата. Главната причина за ова е заморот – со ова се настојува да се олесни малку на играчите, бидејќи постојат премногу натпревари, а ризикот од повреди се зголемува.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


„Се разговара за одење директно на пенали наместо на продолженија. Сериозно се размислува, иако веројатно нема да се случи сега поради актуелниот договор за ТВ правата кој истекува во 2027 година“, пишува британски Гардијан.

Дали е возможно постигнување на договор или ќе треба да почекаме неколку години, останува да се види. Реакцијата на клубовите е клучна во оваа ситуација, но постои голема веројатност дека ќе им се допадне оваа идеја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дел Пиеро: Влаховиќ мора нешто да направи!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ го изгуби местото на стартер во првиот тим на Јувентус, а …