
Ханси Флик неодамна привлече внимание со одлуката да го промени првиот голман, но изгледа дека вистинската главоболка за него дури сега доаѓа.
Тренерот на Барселона на почетокот на 2025 година одлучи да направи драстична промена во почетниот состав на својот тим бидејќи Инаки Пена веќе нема улога на прв голман.
Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Шпанецот дојде на голот на Барселона откако Марк-Андре тер Штеген сериозно се повреди уште на почетокот на сезоната, а според мислењето на многумина, Пена успеа да ги оправда очекувањата и бранеше во добра форма.
Барселона по повредата на Тер Штеген го врати од пензија Војчех Шчесни и го потпиша до крајот на сезоната. Полјакот во првите три месеци од престојот во Барселона не доби ни минута на теренот, но потоа се случи изненадување.
Флик на почетокот на јануари му даде шанса на Шчесни, но никој не претпоставуваше дека тој ќе стане прв голман до крајот на сезоната, и многумина сметаат дека тоа не беше најправична одлука кон Пена.
Германскиот тренер потврди дека Шчесни сега е прв голман, и тоа очекувано предизвика незадоволство кај Пена, и наводно дојде до вербална расправа поради што шпанскиот голман би можел да заврши на трансфер листата.
Шпанските медиуми наведуваат дека опоравувањето на Тер Штеген оди подобро од очекуваното и дека тој би можел да се врати на теренот во завршницата на сезоната, што воопшто не се очекуваше.
Каталонскиот „Спорт“ наведува дека Тер Штеген би можел да добие зелено светло за враќање во мај, кога следи завршницата на сезоната, и тогаш ќе биде интересно кому ќе му довери довербата Флик.