![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/122-850x491.jpg)
Милан на прес-конференција ги претстави двајцата нови играчи, играчот од средниот ред Варен Бондо (21) и крилниот напаѓач Рикардо Сотил (25). На претставувањето присуствуваше и Златан Ибрахимовиќ, легендарниот напаѓач кој ја заврши својата богата кариера во 2023 година, а денес работи како советник на италијанскиот клуб.
Ибрахимовиќ не беше задоволен од опуштеното и искривено седење на Бондо пред новинарските прашања. Го гледаше неколку секунди, па ја исправи неговата положба. Двајцата се насмеаја потоа, што може да го видите во приложеното видео од 1:29.