Искусниот англиски фудбалер Хари Кејн неочекувано оваа зима се најде во центарот на вниманието откако британските медиуми открија дека во договорот при трансферот од Тотенхем во Бајерн од Минхен е вметната клаузула за излез, според која може да се врати во Премиер лигата.
Што всушност значи тоа?
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Кејн е цврсто поврзан со најтрофејниот тим на Германија до крајот на јуни 2027 година, но последните денови се пишуваше дека веќе оваа зима е активирана клаузула според која потенцијалниот купувач би можел да го доведе за сума од 67 милиони фунти.
Надоместокот за неговото откупување во јануари следната година ќе биде намален на 54 милиони британски фунти, што го наведоа некогашниот фудбалер на Арсенал Пол Мерсон да помисли дека лондонскиот клуб би можел да се задействува во врска со тоа прашање.
“Арсенал ќе го купи. Зошто да не, 54 милиони фунти? Сол Кембел направи исто. Луѓето ќе зборуваат за неговите години, но на Арсенал му е потребен голгетер”, рече Мерсон кој е ангажиран како стручен соработник на телевизијата “Скај спорт”.
Околноста дека Арсенал долго време страда по вистинска “деветка” сигурно би ги навела на размислување челниците на лондонскиот клуб да ги разгледаат сите опции на пазарот, дури и ако тоа би бил голгетер кој го носел дресот на најголемиот ривал, Тотенхем..