Дома Фудбал Познат распоредот на младите фудбалери во квалификациите за Европското првенство

Познат распоредот на младите фудбалери во квалификациите за Европското првенство

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на денешниот ждреб во Нион за противници ги доби Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП кое 2027 година ќе се одржи во Албанија и Србија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во првото коло од групата Е, избраниците на селекторот Горан Станиќ, на гостински терен силите ќе ги одмерат со селекцијата на Полска. Во второто коло, на домашен терен не очекува дуел со фаворитот во групата, Италија.

Во продолжение, можете да го погледнете комплетниот распоред на натпревари на нашата селекција, во групата Е од квалификациите.

1.коло   Полска – Македонија   5.септември

2.коло   Македонија – Италија  9.септември

3.коло   Македонија – Ерменија 10. октомври

4.коло   Црна Гора – Македонија 14. октомври

5.коло   Македонија – Шведска    13.ноември

6.коло   Македонија – Полска       18. ноември

7.коло   Италија – Македонија    26.март 2026

8.коло   Ерменија – Македонија   31. март 2026

9.коло   Македонија – Црна Гора   1.октомври 2026

10.коло Шведска – Македонија     5.октомври 2026

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aргентинскиот претседател поради необична причина нема да го гледа во живо финалето на Мундијалот

Престојното финале на Светското првенство во Њујорк, каде што ќе се соочат Аргентина и Шпа…