Дома Фудбал Проблеми за Пеп: Манчестер сити може да остане без Халанд

Проблеми за Пеп: Манчестер сити може да остане без Халанд

И покрај тоа што Ерлинг Халанд неодамна потпиша договор со Манчестер Сити на 9,5 години, „граѓаните“ веќе на лето би можеле да останат без него!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сити пред неколку недели долгорочно го реши статусот на извонредниот голгетер.

Двете страни потпишаа договор до дури 2034 година, според кој Норвежанецот добива повеќе од 600.000 евра неделно.

Клубот од „Етихад“ се обезбеди многу добро, бидејќи во договорот нема клаузула за откуп до 2029 година и дури тогаш ќе биде активирана за сите клубови, но нејзиниот износ не е познат.

Сепак, постои еден услов под кој Халанд може да го напушти клубот, а Манчестер Сити не може многу да влијае, со што и самиот фудбалер се осигура во случај клубот значително да подвлече линија во своите перформанси.

Како што ексклузивно открива „Ел Насионал“, Халанд се осигурал во случај клубот да не обезбеди учество во Лигата на шампионите наредната година.

Ако Сити не биде меѓу четирите најдобри екипи во Премиер лигата, а моментално е петти, Норвежанецот во договорот има специјална клаузула која му дозволува да преговара со други клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …