Дома Македонски спорт Мак ракомет Темелковски ги демантира измислиците дека починал

Темелковски ги демантира измислиците дека починал

Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Илија Темелковски се огласи и ги демантираше гласините дека починал.

Попладнево голем број на медиуми пишуваат дека починал Илија Темелковски.

Оваа информација не е точна. Веста дека тој е жив ја потврдуваат и од ракометната репрезентација на Македонија.

„Во врска со информацијата која беше проследена во јавност преку медиумите дека ракометниот спортски работник г-дин Иле Темелковски е починат, податокот не е точен. Ве известуваме дека канцеларијата на РФМ стапи во контакт со семејството на Темелковски и г-дин Иле Темелковски и ги замолуваме медиумите да ги корегираат своите објави“, велат во новата објава од РФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Олимписката вицешампионка Терлијуга ќе ги обучува каратистите во Скопје

Украинката Анжелика Терлијуга ќе води кумите-семинар на 5 декември, а следниот ден „Гаман …