![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-06-154941-850x491.jpg)
Менаџерот на “свраките” е презадоволен откако неговиот тим обезбеди нова шанса за освојување на трофејот.
Менаџерот на фудбалскиот тим Нјукасл, Еди Хау рече дека нивната екипа заслужено се пласирала во финалето на Лига купот и дека овој клуб мора редовно да игра натпреварувања за трофеи.
Нјукасл сношти се пласираше во финалето на Лига купот, откако во возвратниот натпревар од полуфиналето го победи Арсенал со 2:0. Црно-белите победија и на првиот натпревар во Лондон со 2:0.
Ова е втор пат во последните три сезони Нјукасл да се бори за трофејот на Лига купот.
“Ова е огромна работа. Првото одење на Вембли беше брилијантно, помалку неочекувано, но клуб како овој мора редовно да биде таму. Мораме да мислиме дека ова не е изненадување. Заслужено сме во финалето, нашите натпревари не беа лесни. Погледнете ги тимовите против кои моравме да играме, мислам дека тоа беа четири тима од Премиер лигата, но поминавме низ потешкотии и сега имаме шанса”, рече Хау, пренесе Скај.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Нјукасл во 2023 година во финалето на Лига купот загуби од Манчестер Јунајтед со 0:2.
“Се надевам дека можеме да извлечеме поуки од минатото финале и да ја подобриме играта”, додаде Хау.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета рече дека е тешко да се прифати елиминацијата од Лига купот и дека екипата очекувала да успее да го преврти двомечот.
“Одигравме толку многу натпревари, на секои три дена и знаевме дека овој натпревар може да биде со висок интензитет. Емоционално беше различен натпревар и верувавме дека можеме во финалето. И пред да очекуваме, ја изгубивме. Мораме да го ‘проголтаме’ ова, тешко е. Имавме големи очекувања. Сега веќе ништо не можеме да направиме, моравме тоа да го направиме на теренот”, наведе тој. Артета рече дека елиминацијата е болна, но дека екипата има уште многу за што да се натпреварува до крајот на сезоната. “Грешките се дел од фудбалот, обично сме постојани и собрани, но сега им дозволивме да трчаат и бевме ранливи, а тие беа опасни. Очекувавме да го превртиме двомечот, но не успеавме да фатиме замаец иако бевме добри во првото полувреме. Не го искористивме следниот напаѓач кога поведоа, а потоа натпреварот се преврти. Во вториот дел се мачевме како што одминуваше натпреварот”, додаде.
Тренерот на лондонската екипа рече дека екипата морала да биде поефикасна.
“Кога сакате да освоите трофеи мора да бидете ефикасни во шеснаесетниците. Игравме два натпревара против нив и не бевме ефикасни. Тоа беше главната разлика”, наведе Артета.