Дома Фудбал Aнчелоти без дилеми избра страна по конфликтот на Модриќ и Винисиус: Што и да се случи, со него сум!

Aнчелоти без дилеми избра страна по конфликтот на Модриќ и Винисиус: Што и да се случи, со него сум!

Фудбалерите на Реал Мадрид со мака се пласираа во полуфиналето на Кралскиот куп, откако синоќа во малото градско дерби против Леганес победија со 3:2 благодарение на голот на Гонзало Гарсија длабоко во продолжението на натпреварот.

Беше очигледно дека не е сè идилично во таборот на кралскиот клуб веќе при истекот на еден час од играта, кога домаќинот Леганес успеа да надомести два гола предност и да израмни резултатот.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Реал со многу среќа продолжи понатаму, но недисциплината во играта на бразилскиот ас Винисиус и приговорот на ветеранот Лука Модриќ на агилниот играч фрли сенка на вчерашниот натпревар.

Шпанските медиуми денеска се занимаваат со детал од крајот на натпреварот кога Модриќ му приговараше на Винисиус што не ја следеше контратаката.

Винисиус прво го игнорираше Модриќ, а потоа по новите критики го праша што сака од него. На крајот од натпреварот, Бразилецот беше многу бесен и иако неговиот тим победи, не славеше со соиграчите, туку луто замина во соблекувалната.

По натпреварот новинарите го прашаа Анчелоти што мисли за конфликтот меѓу двајцата важни фудбалери во неговиот тим, а најтрофејниот европски тренер без многу двоумење избра страна..

“Што и да се случило, му верувам на Модриќ. Секогаш сум на страната на Модриќ, па така и овој пат”, истакна Анчелоти со што ја потврди довербата кон хрватскиот ветеран.

Сето ова се случува само 72 часа пред саботното градско дерби против Атлетико Мадрид, кое ќе одлучува за лидерот на Примера, па јасно е дека за кралскиот клуб никако не е во интерес да има дополнителни тензии пред клучниот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фиорентина го прегази Интер

Фиорентина извојува убедлива победа над Интер со резултат 3-0 во натпреварот што беше завр…