Дома Фудбал УЕФА ќе ги изненади клубовите со голема промена во плеј-офот од ЛШ – нема да има продолженија?!

УЕФА ќе ги изненади клубовите со голема промена во плеј-офот од ЛШ – нема да има продолженија?!

УЕФА размислува да ги укине продолженијата во плејофот на Лигата на шампионите, објави The Guardian. Водечките луѓе во европскиот фудбал дискутираат за промена во највозбудливата фаза на клупското натпреварување, со цел да се намали бројот на минути што фудбалерите на најдобрите клубови ги одигруваат секоја сезона.

Укинувањето би важело и за Лига Европа и Конференциската лига, но Guardian наведува дека тоа речиси сигурно нема да се случи пред 2027 година, до кога важи актуелниот договор за телевизиските права. Членовите на некои синдикати на фудбалери сметаат дека укинувањето на продолженијата би го намалило притисокот во преполниот календар, поради кој се повеќе фудбалери протестираат.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Да потсетиме, УЕФА од оваа сезона ја прошири Лигата на шампионите, па секој клуб сега игра најмалку осум натпревари во групната фаза, а не шест, додека 12 европски клубови во јуни ќе настапат и на проширеното ФИФА Светско клупско првенство.

Guardian пишува дека укинувањето на продолженијата, кои се играат двапати по 15 минути, донекаде би ги ублажило проблемите со густата агенда во завршницата на сезоната. Англискиот медиум верува дека промената би им се допадила на телевизиските куќи бидејќи нема да имаат ризик од непредвидено нарушување на програмата, додека помалите клубови би имале повеќе шанси да победат поголеми тимови со пошироки состави од врвни фудбалери.

Изминатата сезона три натпревари во плејофот на Лигата на шампионите завршија во продолженија, додека во сезоната 2022/2023 немаше ниту еден таков случај. Во Лига Европа минатата сезона имаше четири такви натпревари, споредено со шест претходната сезона.

УЕФА му изјави на Guardian дека дискусијата за укинување на продолженијата неофицијално е започната, но мора да биде одобрена од извршниот одбор. Последната голема промена во клупските натпреварувања на УЕФА беше во 2021 година, кога беше отстрането правилото за постигнат гол во гости, додека од 2023 година нема продолженија во УЕФА Суперкупот, кој го играат победниците на Лигата на шампионите и Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aнчелоти без дилеми избра страна по конфликтот на Модриќ и Винисиус: Што и да се случи, со него сум!

Фудбалерите на Реал Мадрид со мака се пласираа во полуфиналето на Кралскиот куп, откако си…