По пауза од четири натпревари, Илија Несторовски повторно стрелаше во дресот на Палермо.
Македонскиот интернационалец беше стрелец на два погодоци во натпреварот против Карпи кој Палермо го доби со 1:3 во рамките од втората италијанска лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После двата постигнати погодоци и победата на Палермо, Несторовски, доби и свое место во еден од најпопуларните италијански весници, „Газета Дело Спорт“.
„Капитенот, земјот, бомбардерот“, беа зборовите со кои „Газета“ го опишуваше Македонецот.
Покрај тоа во анализата се наведува и дека управата на италијанскиот клуб веќе преговарала со ФФМ за Несторовски да не биде во комбинација за пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Норвешка кој ќе се одигра на 11 ноември.
Секако, причината е јасна, Италијанците сакаат експресно враќање во Серија А, а во изедначена лига каква што е Серија Б имаат голема потреба од свеж, Несторовски.