Дома Фудбал Зимски трансферен период: Англичаните потрошиja 447, Шпанците 26 милиони евра

Зимски трансферен период: Англичаните потрошиja 447, Шпанците 26 милиони евра

Зимскиот трансферен период заврши во најсилните европски лиги, а го обележаа клубовите од Англија.

Во понеделник на 3 февруари на полноќ спуштена е завесата на преодниот период во најсилните лиги на Европа.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Кога станува збор за клубовите, апсолутен рекордер беше Манчестер Сити. Тимот на Пеп Гвардиола вложи дури 180 милиони фунти (околу 218 милиони евра) за засилувања.

“Граѓаните” во еден момент потрошија повеќе од преостанатите 19 клубови од Премиер лигата заедно. Тоа се промени во последниот час до полноќ, па на крајот преостанатите тимови од елитната англиска лига вкупно вложија 192 милиони фунти (околу 231 милион евра) за нови играчи.

Кога ќе се соберат овие две цифри се добива фантастичната сума од 447 милиони евра, колку што клубовите од Премиер лигата, вклучувајќи го и Манчестер Сити, потрошија во зимскиот трансферен период.

За споредба, 20 клубови од шпанската Примера оваа зима за засилувања вложија само 26 милиони евра!

Порталите Transfermarkt и FootballTransfers објавија рангирање на лигите врз основа на вложените средства во текот на зимскиот преоден прозорец.

По Премиер лигата, убедливо на прво место со 447 милиони евра, следува италијанската Серија А со 221 милион евра. Трето е Лига 1 на Франција со 204 милиони евра, а четврто германската Бундеслига со 167 милиони евра. Шпанија е убедливо последна меѓу „лигите петки“ со споменатите 26 милиони евра.

Ако се погледнат и другите лиги ширум светот, многу повеќе од Шпанците, но и Германците, потрошиле клубовите од Саудиска Арабија – 173 милиони евра.

Повеќе од Шпанците потрошиле и Американците – МЛС лигата – 139 милиони евра. Дури и Втората лига на Англија – Чемпионшип 95,6 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо откри што планира да биде по завршување на кариерата

Репрезентативецот на Португалија, Кристијано Роналдо кажа дека не планира да стане тренер …