Поранешниот француски фудбалер Тјери Анри е убеден дека распадот на бракот на Пеп Гвардиола со неговата сопруга Кристина Сера е клучен фактор за психичката нестабилност на шпанскиот стратег и далеку послабите резултати оваа сезона со Манчестер Сити.
„Граѓаните“ во неделата попладне доживеаја вистински дебакл од Арсенал во дербито на Премиер лигата, а Анри смета дека бракот кој се распаднал го потресол Гвардиола на професионален план.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ова претпоставка на Анри потполно има смисла ако се знае дека и самиот фудбалер при преминувањето во Барселона во летото 2007 година доживеал развод на бракот, баш во време кога му се приклучил на тимот што го водеше Гвардиола.
„Дали ми е жал поради она што му се случува на Сити и Пеп? Да. Не е лесно да се справите со она што ве мачи надвор од фудбалот. Поминав низ слично кога преминав во Барселона. Не е лесно да управувате со тимот, кога не сте психички на ниво”, рече Анри по убедливиот пораз на шампионот на Англија на гостувањето кај Арсенал.