![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-04-091513-850x491.jpg)
Кошаркарите на Денвер Нагетс триумфираа на свој терен против тимот на Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 125:113, а до третиот последователен триумф ги водеше српскиот кошаркар Никола Јокиќ.
Нагетс одлично го отворија мечот и веќе по првата четвртина имаа двоцифрена предност која потоа само растеше до крајот на првото полувреме (68:50).
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Пеликанс се разбудија во третата четвртина, успеаа да ја намалат разликата, но немаа сила за нешто повеќе во завршницата на мечот па Нагетс мирно го привршија натпреварот и остварија нова победа.
Најдобар кај Нагетс беше феноменалниот Јокиќ, кој оствари нов трипл-дабл со 27 поени, 14 скока и 10 асистенции. Одлична поддршка имаше од Портер, кој постигна 36 поени, додека Марфи беше најефикасен кај гостите со 41 поен.
Денвер е на четвртото место во Западната конференција на НБА лигата со 31 победа и 19 порази, додека Њу Орлеанс се наоѓа на 14. позиција со скор 12:38.
Nikola Jokic says he texted with Luka Doncic after the trade to the Lakers:
— DNVR Nuggets (@DNVR_Nuggets) February 4, 2025
“I think nobody is safe in the league.” pic.twitter.com/vmzyWs8QYA
По натпреварот, Јокиќ на прес-конференцијата беше запрашан за трансферот на Лука Дончиќ кој Далас го испрати во Лос Анџелес Лејкерс во замена за Ентони Дејвис. Центарот на Денвер откри дека веќе се слушнал со Лука.
“Си пишував со него, тој ова не го очекуваше секако… Мислам дека сега треба само да биде со семејството, голем е тоа трансфер. Тоа е бизнис, никој не го очекуваше, особено тој. Никој не е сигурен во лигата, но мислам дека тој ќе направи добра работа. Тој е играч за големата сцена, имаше нешто посебно во Далас, но…”, изјави Јокиќ.