Дома Фудбал Невил остро го осуди Габриел за потегот кон Халанд

Невил остро го осуди Габриел за потегот кон Халанд

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед јавно изрази разочараност од однесувањето на дефанзивецот на Арсенал, Габриел, кој за време на прославата на натпреварот против Манчестер Сити се исмеваше со Ерлинг Халанд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гари Невил не успеа да го скрие своето незадоволство откако забележа како дефанзивецот на Арсенал, Габриел, се смее во лицето на напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, на натпреварот во кој „Топџиите“ го победија Сити со резултат од 5-1.

„Не ми се допаѓа тоа. Мислам дека е малку непочитување. Знам дека Халанд денеска беше ‘злосторникот’, но нешто во врска со тоа не ми се допадна. И јас правев многу работи во својата кариера, но никогаш ова, никогаш не отидов и не викнав во лица на некој играч. Тоа малку ме вознемири“, вели Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …