Дома Фудбал Манчестер сити прими пет гола, а Пеп порача: Игравме многу добро!

Манчестер сити прими пет гола, а Пеп порача: Игравме многу добро!

Сезоната е навистина доста одмината, а уште е тешко да се навикнеме на овој „нов“ Манчестер Сити, кој од доминантна „машина“ се претвори во екипа која е ранлива од сите страни и од која повеќе никој не се плаши.

Синоќа актуелниот шампион на Англија беше „прегазен“ од Арсенал во Лондон со резултат 5:1 во 24. коло на Премиер лигата, четврти е на табелата и го чека битка за пласман во Лигата на шампионите, а ова дојде во многу незгодно време пред двомечот со Реал Мадрид во осминафиналето на елитното европско натпреварување.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


По катастрофата на „Емиратите“ менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола немаше многу забелешки на играта на својот тим, освен за периодот на крајот од натпреварот.

„Жалам само за последните 25 минути од натпреварот, заборавивме да правиме тоа што треба да го правиме, тоа што го игравме 65-70 минути. Секако, беше тешко по примен гол на почетокот на натпреварот на тој стадион, а тоа да примаме гол во воведните минути ни се случува често оваа сезона“, рече Гвардиола, кој потоа продолжи:

„Но, после 10-15 минути ја превземавме иницијативата и игравме многу, многу, многу, многу добро. Бевме во натпреварот, израмнивме на 1:1, имавме добар моментум, но…“

Потоа шпанскиот стручњак уште еднаш ја објасни својата изјава.

„Жал ми е за последните 15-20 минути од натпреварот, останатото беше многу добро од наша страна. Тешко е да се разбере ова што го говорам кога ќе го видите резултатот, но имам такво чувство“, заврши Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комична ВАР ситуација во Хрватска, а во центарот на вниманието беше Несторовски (Видео)

Изминатиот викенд во Хрватска, се случи една од најбизарните судиски одлуки откако ВАР тех…