Дома Фудбал Халанд возврати со „низок удар“ по дебаклот против Арсенал (Видео)

Халанд возврати со „низок удар“ по дебаклот против Арсенал (Видео)

Арсенал синоќа го демолираше тимот на Манчестер Сити и потврди дека Граѓаните се наоѓаат во најголемата криза откако на клупата седна Пеп Гвардиола.

Конечниот резултат на натпреварот беше 5:1, а единствениот гол за Граѓаните го постигна Ерлинг Халанд.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, и покрај поразот невозможно е да се провоцира Халанд кој очигледно сака да игра против Арсенал и да задава „ниски удари“.

Повторно Халанд се најде во судир со Габриел и тоа траеше практично целиот натпревар.

Сепак, во еден момент направи потег кој веднаш стана вирален на социјалните мрежи, и за кој се зборува и денес.

За време на една дискусија на теренот Норвежанецот покажа на златниот лого на Премиерлигата кој се наоѓа на дресот на Манчестер Сити.

Јасно е дека Халанд рече дека Граѓаните се шампиони, а дека Арсенал веќе години не е, што дополнително ја зголеми неговата популарност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе се одмазди на Хрватот, па призна: “Такви работи не ги заборавам”

Реал Мадрид го победи Манчестер Сити со 3:1 и го исфрли од Лигата на шампионите минатата с…