Дома Кошарка Навивачите на Далас во шок поради Дончиќ: Се чувствуваме како кога го убија Кенеди!

Навивачите на Далас во шок поради Дончиќ: Се чувствуваме како кога го убија Кенеди!

Не се намалува бурата поради трејдот на Лука Дончиќ во Лејкерс и Ентони Дејвис во спротивен правец – во Далас страстите не се смируваат. Навивачите не беа подготвени за овој потег на управата.

Лука Дончиќ повеќе не е дел од франшизата од Тексас, тоа е болната вистина со која се соочени разочараните навивачи. И тешко се помируваат со реалноста.

„Ова е апсолутно најлошиот ден во историјата на Далас Маверикс“, вели еден навивач на Далас.

Друг навивач направи паралела меѓу трејдот на Дончиќ и убиството на поранешниот американски претседател Џон Кенеди.

„Ова е слично чувство како кога го застрелаа Кенеди“, посочи навивачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…