Дома Фудбал Албански фудбалер направи скандал на теренот, покажа непочитување кон тренерот (Видео)

Албански фудбалер направи скандал на теренот, покажа непочитување кон тренерот (Видео)

Во рамките на 22. коло од турската Супер лига, Сивасспор беше поразен од Ејупспор, но натпреварот го одбележа срамното однесување на албанскиот фудбалер Реј Манај кон крајот на натпреварот.

Вчера од 18 часот силите ги одмеруваа Ејупспор и Сивасспор, а вниманието го привлече детал од 87. минута од натпреварот.


Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓


По прилично слабото настап е наМанај, тренерот на Сивасспор, Омер Ердоган, наместо него реши да го внесе Алаадин Окумус.

Темпераментниот Албанец одлучи поради тоа да направи сцена со која покажа големо непочитување кон тренерот.

Шефот на стручниот штаб на Сивасспор, Омер Ердоган, се обидуваше да ја смири ситуацијата и му правеше гестови да молчи. Сепак, ништо не можеше да го смири Албанецот кој цело време протестираше до клупата за резервни играчи.

Навистина, таков недостаток на дисциплина не се гледа секој ден и без сомнение е дека Манај ќе мора да сноси последици за своите постапки.

За да биде уште полошо, неговиот тим на крајот го загуби овој натпревар и моментално се наоѓа на незавидната 14. позиција во турската Супер лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oдегард го најави дербито со Манчестер сити: Да ја искористиме ситуацијата!

Капитенот на Арсенал Мартин Одеегорд изјави пред дербито со Манчестер Сити дека верува дек…