Дома Фудбал Милан добива нов тандем – навивачите веруваат во борба за врвот!

Милан добива нов тандем – навивачите веруваат во борба за врвот!

Фудбалскиот клуб Милан би можел да го обележи бурниот крај на јануарскиот трансфер период.

Според најавите од бројни извори, се очекува дека Милан ќе реализира дури четири трансакции до понеделник навечер.


Каков луд викенд: Интер - Милан и Манчестер Сити - Арсенал ↓↓↓


Да започнеме по ред, Алваро Мората ќе ги помине лекарските прегледи за време на викендот и официјално ќе потпише за Галатасарај, а јасно е дека со тоа е готов трансферот на Сантијаго Хименес кој доаѓа од Феенорд. Се очекува обештетувањето да биде поголемо од 30 милиони евра.

Но, тој нема да биде единственото засилување во офанзивната линија, бидејќи Милан и понатаму верува дека може да го донесе Жоао Феликс на позајмица од Челси. Овој трансфер го форсираат Сержо Консесао и агентот Жорж Мендеш. Феликс е незадоволен, сака поголема минутажа, но Енцо Мареска не сака да се одрече од него ако не дојде замена, а таа засега е во магла. Мареска го посакуваше Алехандро Гарначо, но Јунајтед одбива да ги засили своите директни ривали, така што останува да видиме што ќе се случи со Феликс и Милан.

За крај, тука е последната линија, Милан ја прифати понудата на Тотенхем за Фикајо Томори од 25 милиони евра, но останува стоперот да се согласи да се пресели во Лондон. Тој засега одбива да оди во Тотенхем, како поранешен играч на Челси, иако Милан го притиска да се согласи со трансферот.

Тогаш многу веројатно ќе остане и Страхиња Павловиќ, кој одби да оди во Галатасарај.

На социјалните мрежи кружи постава со новите играчи, заедно со Кајл Вокер и потенцијално Феликс и Хименес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол-шоу на Нотингем – Брајтон прегазен! (Видео)

Фудбалерите на Нотингем Форест го прегазија Брајтон со огромни 7:0 и така се вратија н поб…