Дома Фудбал Даниел Малдини се сели во Аталанта

Даниел Малдини се сели во Аталанта

Даниел Малдини го завршува трансферот во Аталанта веднаш кон крајот на преодниот рок.

Остануваат уште само формалности за да се заврши договорот, пишуваат италијанските медиуми, практично само лекарскиот преглед го дели синот на легендата на Милан од потпис за клубот од Бергамо.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Малдини во таборот на освојувачите на Лигата на Европа доаѓа од редовите на Монца, каде што играше во изминатата година.

Аталанта ќе ѝ плати на Монца како обештетување за Малдини помеѓу 13-14 милиони евра, а дури половина од таа сума ќе ѝ припадне на Милан, клубот каде што Малдини се образуваше фудбалски.

„Росонерите“ при неговата продажба на Монца се обезбедија со 50% од сумата од следната продажба на овој фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус одреди краен датум за договорот за Коло Муани

Управата на Јувентус си постави краен рок за обновување на договорот за враќање на Рандал …