НБА лигата го објави конечниот список на тимовите кои ќе настапат на „Ол-Стар“ натпреварот кој ќе се одржи на 16 февруари во Сан Франциско.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гласовите на навивачите имаа 50 проценти удел во изборот на стартери, додека сегашните НБА играчи и панелот составен од претставници на медиумите имаа по 25 проценти.
Тренерите на НБА избраа по уште седум играчи од двете конференции, а со оглед на новиот формат на натпреварувањето, овие 24 играчи ќе бидат поделени во три екипи составени од некогашните НБА ѕвезди Чарлс Баркли, Шекил О’Нил и Кени Смит.
Од Западната конференција, за стартери се избрани Шеј Гилџес-Александар (Оклахома Сити), Стеф Кари (Голден Стејт), Никола Јокиќ (Денвер), Кевин Дурант (Феникс) и Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс), а резерви се Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), Виктор Вембанијама (Сан Антонио Спарс), Алперен Шенгун (Хјустон Рокетс), Џејмс Харден (Лос Анџелес Клиперс), Џејлен Вилијамс (Оклахома Сити Тандер) и Џарен Џексон Џр. (Мемфис Гризлис).
Интересно, центарот на Хјустон Рокетс Алперен Шенгун стана само вториот Турчин избран во еден НБА Ол-стар тим.
Избран како 16-ти пик во 2021, 22-годишникот оваа сезона во просек постигнува 19,1 поен, со 10,4 скока и 5,0 асистенции по натпревар и тој е вториот Турчин по Мемет Окур во 2007 година кој е избран за Ол-стар натпревар.
The 2025 All-Stars rosters are complete 🌟 pic.twitter.com/dtDvijwwG2
— NBA on ESPN (@ESPNNBA) January 30, 2025
Стартери на Истокот се: Џејлен Брансон (Њујорк), Донован Мичел (Кливленд), Карл-Ентони Таунс (Њујорк), Џејсон Тејтум (Бостон) и Јанис Антетокумпо (Милвоки), а во остатокот на тимот се Тајлер Херо (Мајами Хит), Кејд Канингем (Детроит Пистонс), Демијан Лилард (Милвоки Бакс), Џејлен Браун (Бостон Селтикс), Еван Мобли (Кливленд Кавалирс), Дариус Гарланд (Кливленд Кавалирс) и Паскал Сиакам (Индијана Пејсерс).
Всушност, наместо Ол-стар натпреварот ќе гледаме Ол-старr турнир на кој ќе учествуваат четири екипи и ќе се играат вкупно три натпревари – две полуфиналиња и финале.
Победничката екипа од „Rising Star Challenge“ (играчи од прва и втора година) ќе ја предводи Кендис Паркер, а трите преостанати екипи ќе ги изберат О’Нил, Смит и Баркли.
Натпреварите нема да бидат временски ограничени, а ќе победи екипата која прва ќе достигне 40 поени.