Арсенал бара засилувања, но како што стојат работите не само за играчкиот кадар, туку и за стручниот дел од тимот.
Имено, „Топчиите“ се блиску до соработка со некогашниот спортски директор на Барселона, Раул Санли.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот весник „Спорт“ тврди дека Санли ќе стане директор на фудбалските операции на „Емирати“, а доказ за тоа е како што се наведува неговото познанство со извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис.
Санли беше задолжен за трансферот на Нејмар во редовите на Барселона во 2013. година, има одлични контакти во Јужна Америка, што посебно им се допадна на челниците на „Топчиите“.
Тој се уште е врзан со договор за Барселона, иако не ја обавува веќе функцијата спортски директор, но на први декември ќе биде разрешен од должноста на „Камп Ноу“.