Дома Фудбал Останато Руски и американски лизгачи биле во авионот што се урна кај Вашингтон

Руски и американски лизгачи биле во авионот што се урна кај Вашингтон

Двајца руски светски шампиони во уметничко лизгање се наоѓале во патничкиот авион на „Американ Ерлајнс“, кој се судри со хеликоптер на американската армија во близина на Вашингтон, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

Според извор на ТАСС, во авионот што се урнал биле руските лизгачи Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, познати по своите успеси на светската сцена во уметничкото лизгање.

Организацијата „Американско уметничко лизгање“, која го надгледува спортот на национално ниво, исто така потврди дека во леталото имало „неколку членови“ од нивната заедница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија поднесе жалба за поразот на Рустемовски!

Најдобриот македонски боксер, Ален Рустемовски беше поразен во полуфиналната борба против …