Мемфис Депај пристигна на „Олд Трафорд“ како големо засилување минатата година, но со доаѓањето на Жозе Мурињо падна во втор план.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холандскиот интернационалец не е задоволен од својот статус и сака уште во јануарскиот преоден рок да го промени клубот.
Медиумите тврдат дека Депај ќе се пресели во италијанската Серија А каде силен интерес за неговиот потпис покажува екипата на Рома.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „волчицата“ сака да го доведе 22-годишниот Холанѓанец на позајмица во јануари со можност да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.