Дома Фудбал Aталанта без најдобриот фудбалер против Барселона

Aталанта без најдобриот фудбалер против Барселона

Фудбалерите на Аталанта гостуваат во Барселона во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а во тимот нема да биде Адемола Лукман.

Како што пренесоа италијанските медиуми, Лукман почувствувал непријатност на последниот тренинг, степенот на повредата не е познат, но јасно е дека нема да може да им помогне на соиграчите на “Монжуик”.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лукман е еден од најдобрите играчи на Аталанта и оваа сезона, бидејќи постигна 14 гола и асистираше седум пати на 27 натпревари во сите натпреварувања.

Аталанта е седма на табелата со 14 освоени бодови, но тешко дека ќе остане во топ 8 ако загуби од Барселона, бидејќи блиску зад нив се Баер Леверкузен, Астон Вила, Монако, Фејнорд, Лил и Брест, кои сите имаат по 13 бодови.

Сите натпревари од последното коло на групната фаза на Лигата на шампионите се играат утре од 21.00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Килијан Мбапе откри кој отсекогаш бил неговиот идол

Во интервју за шпанската телевизија Movistar, Мбапе зборуваше со голема почит за Кристијан…