Дома Фудбал Баер Леверкузен заинтересиран за млада ѕвезда на Манчестер сити

Баер Леверкузен заинтересиран за млада ѕвезда на Манчестер сити

Баер Леверкузен сака да остане во трката за титулата со Баерн Минхен, а по повредата на Терие време е да се ангажира негова замена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа би можел да биде фудбалер на Манчестер Сити. Станува збор за Џејмс Мекати, а Леверкузен веќе испратил понуда која би можела да биде интересна, а тоа е позајмица со право на откуп на крајот на сезоната за овој 22-годишен офанзивен среден играч.

Мекати оваа сезона одигра 14 натпревари, постигна и пет голови, а наводно Чаби Алонсо го почитува неговиот начин на игра и би сакал да го види во својот тим.

Терие ја заврши сезоната, па е јасно дека Леверкузен ќе ангажира засилување и по сè изгледа, најверојатно ќе биде споменатиот фудбалер на Манчестер Сити.

Постои и алтернатива за овој фудбалер, тоа е Емилијано Буендија од Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најмоќниот човек во европскиот клупски фудбал сака да биде претседател на ФИФА

Ќе биде возбудливо кога ќе започне кампањата за изборите кои ќе се одржат во март 2027 год…