Арда Гулер, на само 19 години, е сметан за еден од најголемите таленти во светот на фудбалот. Но, турскиот репрезентативец, без оглед колку добро игра, не добива вистинска шанса во Реал Мадрид.
Веројатно би бил стартер и еден од клучните играчи во 97 проценти од тимовите во Европа, но кај Дон Карло грее клупата и добива малку минути. Поранешниот фудбалер на Фенербахче пред два дена играше 17 минути на гостувањето против Ваљадолид, пред тоа 14 минути против Лас Палмас, а против Валенсија воопшто не влезе во игра.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Анчелоти, познат по својата искреност, разговараше со Арда на оваа тема. Му рече дека треба да разбере дека е млад, дека има доволно време, дека во тим како Реал Мадрид не можат сите да играат колку што посакуваат и дека постои „распределба на минути според плановите на тренерот“.
Младиот Ѓулер го разбира тоа, продолжува да работи максимално на секој тренинг, знаејќи дека порано или подоцна ќе стане недопирлив во тимот на Реал. Токму кариерата на Брахим Диаз е пример за Арда. Со континуирана работа и трпение, младиот Турчин може да тргне по стапките на својот соиграч, а изгледа дека токму тоа и го прави.
Карло Анчелоти не сака само моментални резултати, туку и да изгради тим за следните сезони. Спојот на искуство и младост во нападот на „белите“ ветува големи работи.