Дома Фудбал Новинар тврди дека го нападнал Осимен, Нигериецот најави тужба!

Новинар тврди дека го нападнал Осимен, Нигериецот најави тужба!

Фудбалерот на Галатасарај Виктор Осимен денеска изјави дека планира да тужи еден турски новинар, по тврдењата дека физички го нападнал за време на расправија.

Новинарот Толга Боздуман го обвини Осимен дека го нападнал минатата недела по ремито 3:3 против Динамо Киев.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Новинарот изјави дека го нападнал и удрил Осимен пред ноќен клуб, додека со други колеги правел фотографии.

„Штом се појавија блицевите, почна да вика и се стрча кон мене. Проба да ја фати камерата, но ја задржав, а потоа ме удри со тупаница во главата. Се уште ме боли десната страна на главата,” кажа новинарот за „ЕСПН“.

Додаде дека Осимен наводно му понудил пари да ги избрише фотографиите, а кога новинарот го одбил тоа, 26-годишниот фудбалер наводно почнал да му се заканува, велејќи „дека ќе го уништи ако се објават фотографиите“.

Нигерискиот фудбалер ги отфрли обвинувањата, изјавувајќи дека инцидентот се случил пред ресторан што го посетил со неколку пријатели, меѓу кои и сонародникот Кенет Омеруо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалскиот бара објаснување: Зошто не се појави на погребот на Жот?

Капитенот на Португал, Кристијано Роналдо, не се појави на денешниот погреб на долгогодишн…